НАУМОВ-АЛАБАКОТ, Иван

НАУМОВ-АЛАБАКОТ, Иван (Јован) (с. Ореовец, Велешко, 1870 – с. Белица, Кичевско, 24. Ⅷ 1907) – деец и еден од најпопуларните војводи на ТМОРО во Илинденското востание. Како печалбар во Солун, станал член на ТМОРО (1900), а потоа и војвода на чета во Одринско и во Смоленско (1901/02). Како војвода на Вториот крушевски востанички одред во Илинденското востание, учествувал во ослободувањето на Крушево (2. Ⅷ 1903) По востанието дејствувал со чета во Велешко, Крушевско, Прилепско, Кичевско и Поречието. Бил учесник и во познатата битка на Ножот (14. Ⅶ 1907). На Битолскиот конгрес на ВМОРО (август 1907) бил избран за окружен ревизор на четите. Загинал во борба со османлиската војска. Опеан е во македонската народна песна.
ЛИТ.: Македонски возрожденци и револуционери, албум, Скопје, 1950, 72; Македонски народни песни. Текст и мелодии записал Коста Цљрнушанов, Софиџ, 1956, п.
610; Марко Китевски, Македонски борбе
ни народни песни, Скопје, 2004, 243–244 и
315. С. Мл.

Ѓурчин
Наумов-
Пљакот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *