НАУМОВ-Пљакот, Ѓурчин

НАУМОВ-Пљакот, Ѓурчин (с. Сланко, Порече, 1850 или 1851 – с. Слатина, Порече, 25. Ⅹ 1904) – учесник во Илинденското востание, крушевско-кичевски војвода. Бил четник во четите на војводите Ј. Пиперката (1899), М. Ацев (1900), Н. Русински (1901) и В. Марков (1902). По Ракитничката провала (1902) бил избран за крушевски војвода. Во Илинденското востание предводел 90 востаници од селата Сланско, Кошино и Горно Дивјаци. Водел жестоки борби со османлиската војска во месностите Слива и Кале. По Востанието води борба со српските чети во околијата. Опеан е во народните песни.
ЛИТ.: М. Стојаноски, Ѓурчин Наумов-Пљакот – Војвода крушевски, Битола, 1996; А. Трајановски, Револуционерната дејност и дружењето на Ѓурчин Наумов-Пљакот и Јордан Пиперката. Зб.: Илинденското востание – Јордан Пиперката, Скопје, 2006. Ал. Тр.

Олга Наумовска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *