НАУМОВ, Стефан

НАУМОВ, Стефан (Стив) (Битола, 27. Ⅹ 1920 – с. Болно, Битолско, 12. Ⅸ 1942) – комунистички деец, првоборец и народен херој. Завршил гимназија во Битола, а потоа студирал на Техничкиот факултет во Белград, каде што бил примен за член на СКОЈ и на КПЈ. Повеќе пати бил апсен, а по враќањето во Битола бил избран за секретар на МК на КПЈ. По
Априлската војна (1941) работел
Икона на св. Наум Охридски (ⅩⅤⅠ в.)
на организирање на оруженото

востание, преминал во илегалност (јули 1941) и учествувал во формирањето на Битолскиот НОПО „Пелистер“ (април 1942). Наскоро бил вклучен како член на привремениот ПК на КПЈ за Македонија (мај 1942) и член на Оперативниот штаб за Македонија. Загинал во борба со бугарската полиција, заедно со народниот херој Мите Богоевски. Прогласен е за народен херој на Југославија (29. Ⅵ 1945).
ИЗВ.: Трајче Грујоски, Стив – душа на Организацијата во Битола, Битолските народноослободителни партизански одреди. Битола, 1982, 217–223; Пецо Божиновски, Сеќавања за народниот херој Стив
Наумов, на истото место, 224–225. ЛИТ.: Душко Хр. Константинов, Стефан Наумов-Стив, Осумгодишно училиште
„Стефан Наумов“, Битола, 1961; Ѓорѓи Димовски-Цолев, Стефан Наумов-Стив, Скопје, 1971; Душко Христов Константинов, Русиот народен херој Стеван Наумов-Владо, Битола, 1971; Александар По
повски, Наумов Васил Стефан-Стив (1920–1942), Народни херои од Македонија, 1973, 264–269. С. Мл.

Иван Наумов-Алабакот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *