НАУМОСКИ, Симеон

НАУМОСКИ, Симеон (Прилеп, 1941) – инж. технолог, стопанственик, долгогодишен директор. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје
(1964). Работел во повеќе фабрики, а бил и професор во средно училиште. Од 1974 г. е генерален директор на фабриката „Витаминка“ во Прилеп, која под негово водство од мала, неразвиена и задолжена работилница за црвен пипер прераснува во модерен капацитет на прехранбената индустрија на Македонија, присутна низ светот (в. „Витаминка“ – Прилеп). Бил пратеник во Собранието на РМ во 2 мандата, член на делегацијата на Македонија и функционер во Собранието на СФРЈ. Св. Х. Ј.
Волче
Наумчески

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *