НАУМЧЕСКИ, Волче

НАУМЧЕСКИ, Волче (Прилеп,
18. И 1916 – Скопје, 20. Ⅲ 1980) – амбициозен работник-поет за возрасни и за деца, автор на првата стихозбирка исцело напечатена на македонски јазик во предвоена Југославија, борец. Како седмо дете во сиромашно семејство, по завршувањето на И клас ја напушта гимназијата и работи како чирак кај повеќемина мајстори и станува терзија. Првата песна
„Молитва“ ја напишува и ја прочитува јавно (на српски јазик) на приредба на Културно-просветното друштво „Коста Абрашевиќ“ (1935). Во врска со Граѓанската војна во Шпанија ја напишува стихотворбата „Шпанија“ (почетокот на 1937) и станува многу популарна сред прилепската работничка младина, како и неговите творби „Еве, судете ме“ и „шта је сад“. Кога гледа дека се објавуваат стихови и на македонски, ја напишува стихотворбата „Циглана“ што ја рецитира на разни собири, приредби и излети и ја објавува во в. „Наша реч“ (1. Ⅱ 1940). Охрабрен од приемот на неговите стихови, с“ повеќе пишува и рецитира на македонски јазик (прилепски говор). Во 1935 г. создава драмски текст „Од мариовскио живот“, а во 1939 г. ја напишува и социјално-револуционерната драма „Турчин през гора врвеше“, што ја предложил во Скопскиот театар, а по окупацијата и во Софискиот театар, но не била прифатена за изведба. Кон крајот на 1939 г. во Битола ја отпечатува збирката од 13 стихотворби „Иди пролет“, потпишана само со Даноски.

Како војник на 9 април 1941 г. е заробен од Германците кај Ниш и префрлен во логорот во Драгоман и Сливница, па ослободен и кратко престојува во Софија. Преку својот сограѓанин Д. Џамбаз се запознава со Т. Павлов, В. Марковски, М. Зафировски, К. Неделковски, Н. Вапцаров и други членови на МЛК. По препорака на Павлов, се враќа во Прилеп и на 28 мај пак доаѓа во Софија со ракописот на втората стихозбирка. Книшката била напечатена во јули 1941 г. (без ветениот предговор од Т. Павлов, бидејќи меѓувремено овој бил уапсен), со насловна страна: ВÍлчо Наумчески,
Македонска китка. Стихотворения, София, 1941. Излегувањето на стихозбирката било одбележено во весниците „ЛитературенÍ критикÍ“, „Д’га“, „Заря“, па дури и Ј. Бадев се јавил во „Зора“.
Наумчески во Софија живеел во истиот дом со К. Рацин и К. Неделковски, каде што доаѓале и други членови од МЛК. Учествувал и тој со свои настапи во Говорниот хор на Кукушкото братство „Гоце Делчев“, на излети на Витоша итн. Ноќта на 1. Ⅸ 1941 г. полицијата стропала на вратите кај што спиеле тројцата македонски поети. За да не го фатат жив,
К. Неделковски ја активирал пеколната машина (што му била дадена од М. Зафировски за минирање на печатницата „Зора“) и се фрлил од шестиот кат на зградата. По пуштањето од полицијата, Рацин и Наумчески на 4 или 5 септември заедно тргнале со воз за Македонија.
Веднаш се вклучил во подготовките за востание. Учествувал во оружената акција на 11 октомври во Прилеп, а кога се растурил одредот, за да ја скрие трагата, во декември 1941 г. одново заминува во Софија. Наскоро тука, како извесно продолжение на друштвото што го основал во Прилеп Ѓ. Ачески, било формирано Друштво на прилепските уметници (В. Наумчески, Ѓ. Ачески, Ј. Грабулоски и М. Корубин) и до август 1942 г. живеат заедно и организираат една изложба. Тогаш ја заинтригира јвноста и со некои аматерски идеи од областа на астрономијата.
Во почетокот на 1943 г. им се обратил на своите пријатели во Прилеп Г. Стефаноски и И. Амбароски со предлог да издадат заедничка стихозбирка. Зачуван е опширниот одговор од Г. Стефаноски од 27. Ⅳ 1943 г. (на македонски јазик) за концепцијата и условите за таков потфат, но не дошло до реализација на идејата.
Во 1942–1943 г. Н. ја напишува (на бугарски јазик) својата „Поема на злото“ (објавена на македонски во Скопје дури во 1951). И по излегувањето партизан (1943) тој пишува и објавува актуализирани стихови за борбата. По Ослободувањето работи во Скопје и објавува повеќе стихозбирки за возрасни и за деца.
БИБЛ.: Иди пролет, с.а. ш1939ќ, с.л. шБитолаќ; Македонска китка. Стихотворения, София, 1941; Поема на злото, Скопје, 1951; Стихови. Скопје, 1961; Стихови (1939– 1941). Редакција, предговор и забелешки
д-р Блаже Ристовски, Скопје, 1979.
ЛИТ.: Георги Старделов, Волче Наумчески, предговор кон изборот Стихови, Скопје, 1961, 5–15; Петре Бакевски, Низа на времето и болката, „Вечер“, 22. Ⅴ 191, 7; Г. Ристеска, Скица за портрет: Волче Наумчески. Раѓањето на песната – единствена тајна, „Нова Македонија“, 4. Ⅳ 1976, 13; Блаже Ристовски, Чесен принос кон македонската литературна историја, „Нова Македонија“, ЏЏЏВ, 11797, 25. Ⅺ 1979, 12; истиот, Волче Наумчески, во: Стихови (1939–1941), Скопје, 1979, 9–34; истиот, Волче Наумчески, во зб.: Македонскиот стих 1900-1944. Истражувања и материјали, И, Скопје, 1980, 369–378; истиот, Волче Наумчески (1916–1980), во: Сознајби за јазикот, литературата и нацијата, Скопје, 2001, 562– 570. Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *