НАЦЕВА-АНКА, Мара

НАЦЕВА-АНКА, Мара (Куманово, 28. Ⅸ 1920) – комунистички деец, првоборец. Како работничка во текстилната работилница
„шуменковиќ“ во Куманово, станала член на СКОЈ (1936), активист на УРС-овите синдикати и во КУД „Коста Абрашевиќ“. Во потрага по работа заминала во Ниш (1939) и била примена за член на КПЈ (1939), избрана за член (почетокот на 1940) и секретар на МК на КПЈ во Ниш и организационен секретар на Окружниот комитет на КПЈ (1940). Учествувала како делегат од Србија на Петтата земска конференција на КПЈ (Загреб, 1940). По Априлската војна (1941) се вратила во Македонија и била избрана за член на ПК на КПЈ за Македонија (од крајот на 1941), но била уапсена и интернирана во концентрационен логор во Бугарија (во летото 1942–1943). Во отсуство била избрана за организационен секретар на ЦК на КПМ (Тетово,
19. Ⅲ 1943) и за делегат и член на АВНОЈ (ноември 1943). По враќањето од интернација заминала на слободната територија на пл. Козјак и со ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ зела учество во НОАВМ во Пролетната офанзива (1944). Била делегат и учествувала во работата на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето била потпретседател на АФЖ на Македонија (од декември 1944), потпретседател на Централниот одбор на АФЖ на Југославија, член на ЦК на КПЈ, републички и сојузен пратеник, потпретседател на СЗБ од НОВ на Југославија и др. Прогласена е за народен херој на Југославија (29. Ⅺ 1953). Носител е на Партизанска споменица 1941.
ИЗВ.: Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и револуцијата 1941–1945, Скопје, 1976; Заклучоците – закон за членовите на Партијата. Изва
доци од сеќавањата на Мара Нацева, делегат на Петтата земска конференција на КПЈ, ⅩⅠⅩ, 736, Куманово, 24. Ⅹ 1980, 2.; Мара Нацева, По повод 40 години од Револуцијата (сеќавања), „Нова Македонија“, ЏЏЏВИИ, 12457/12460, Скопје, 28–30. Ⅸ 1982, 6 и 12.
ЛИТ.: Видое Подгорец, Нацева Милан Мара-Анка (1920), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 282–287; Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и револуцијата 1941–1945, Скопје, 1976; Мара Нацева – член на Советот на Федерацијата, „Наш весник“, ⅩⅤⅠⅠⅠ, 699, Куманово, 18. И 1980, 2; Мара
Нацева одликувана со Орден Југословенска ѕвезда со лента, „Наш весник“, ⅩⅤⅠⅠⅠ, 733-734, Куманово, 10. Ⅹ 1980, 4. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *