НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА – чин на одземање имот од приватни сопственици и негово пренесување во сопственост на државата, по правило, со определен надомест. Во социјалистичките земји, а во тој контекст и во Македонија, за разлика од земјите со пазарна економија, национализацијата беше сеопфатна, се спроведуваше со еден вид „присилни прописи“, спротивно од волјата на сопствениците и главно беше детерминирана од идеолошки мотиви – воспоставување социјалистичка сопственост над средствата за производство, односно за изградба на социјалистичко општество. Во Македонија, почнувајќи од 2. Ⅷ 1944 г., врз основа на бројни закони и прописи, се национализираа следниве видови имот: земјодел-
Националниот парк „Пелистер“
ско земјиште, шуми и шумско земјиште, пасишта и утрини, како и стопански згради, трактори и жива стока; приватни претпријатија, главно хотели, ресторани, циглани и воденици; станбени згради и деловни простории; големи сточни поседи со над 400 грла овци, заедно со трлата и инвентарот итн. Врз оваа основа се формираше јадрото на социјалистичката државна сопственост, која подоцна прерасна во општествена сопственост. За национализираниот имот беше предвиден паричен надомест, кој или не се исплаќаше, или се исплаќаше со симболични суми, поради што поранешните сопственици најчесто го одбивале.
ИЗВ.: Министерство за финансии на Република Македонија, Скопје, 1996. Т. Ф.
за формирање на „Голема Албанија“. Во 1946 г. бил формиран ЦК на НДШО, којшто го промо-вирал ставот дека албанската нација нема да биде слободна сè додека не се обедини во една држава. Организацијата била наполно разбиена во втората половина на 1946, а малиот преостанат дел во Кумановско во 1948 г.
ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941–1944, Скопје, 1995; истиот, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002. Ѓ. Малк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *