„НАЧАЛО“

„НАЧАЛО“ (Солун, 28. Ⅹ 1908 – 1909) – двомесечник за политички, социјален и литературен преглед. Го уредувале Павел Делирадев, А Тимов и Н. Харлаков. Во него соработувале прогресивни македонски и бугарски општественици.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 85. С. Мл.
„НАШ ВЕСНИК“ (Загреб, И, 1,
30. Ⅲ 1937) – месечен лист за културно-просветни и стопански прашања, орган на Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб (формирано од македонските студенти на 29. Х 1935). Единствениот и веднаш забранет број на весников е напечатен во загрепската опозиционерска печатница на Ц. Албрехт (П. Ацингер) на српски јазик (со две стихотворби од Хр. Попсимов и К. Рацин на македонски и расказ од Средношколец со македонски дијалози). Како сопственик е потпишан студентот од Велес Борислав шукарев, а како одговорен уредник студентот од Битола Стеван Кузманов. Фактички иницијатори и редактори биле Никола Мицев, Лазар Соколов и Кирил Милјоски, а соработници и Никола Ѓумуров, д-р Тодор Мировски, Димитар Ѓузелов, Александар Линин, Кирил и Борис Џонови, Спиро Канински, Димитар Анчев и др. Весникот е забранет на 4. Ⅳ 1937 г. од Државното обвинителство во Загреб.
ЛИТ.: Блаже Ристовски, Прилог кон македонската литературна историја, „Современост“, ⅩⅣ, 6, јуни 1964, 618–619; истиот, Поетот Борис Џонов (1913–1943) и Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб, „Современост“, ЏЏИВ, 8–9, 1974, 714–741; Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 388–389. Бл. Р.

„Наш пат“, ракописно списание на затворениците
во затворот во Битола (Битола, јули 1944)

„НАШ ПАТ“ (Битола, 1944) – ракописно списание (со печатни букви) на политичките затвореници во Битолскиот затвор, на македонски јазик. Иницијативата за неговото издавање ја покренал Затворскиот комитет на КПМ во состав: Мишко Божиновски, Јорго Ристевски, Димитраќи Теговски и Драги Тозија. Објавени се вкупно три зачувани броја. Во уводникот кон првиот број е наведено дека тој ќе содржи написи за политички, научни, уметнички, просветни и други прашања.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје,
1980, 296–397; Мишко Божиноски, Па-тот до „Наш пат“ (јули 1942 – 6-ти септември 1944, Скопје, 2003. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *