„НАША ХРОНИКА“

„НАША ХРОНИКА“ (с. Горно Врановци, Велешко, 30. Ⅸ – 20. Ⅹ 1944) – повремен информативен весник, орган на Поверенството за пропаганда на Президиумот на АСНОМ. Го уредувале Веселинка Малинска, Лазар Мојсов и др. Објавени се вкупно 11 броја, 8 на циклостил, а другите во Печатни-
Неаполис (Кавала), гравура (ⅩⅤⅠⅠ в.)
цата „Гоце Делчев“. Содржи богати содржини за организацијата на новата народна власт. Во бр. 6 соопштува дека во слободна Македонија пристигнал и секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 429–430; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 131. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *