НАЈДОВ-ЏАНДАРОТ, Димко

НАЈДОВ-ЏАНДАРОТ, Димко
(Велес, 1. Ⅷ 1919 – Петрово, Сува Гора, 14. Ⅹ 1944) – револуционер и синдикален водач пред Војната, херој од борбите што Ⅷ бригада ги водела со балистите во Западна Македонија во 1944 г. Бил член на СКОЈ (1940) и на КПМ (1943). Поради неговата револуционерна и партиска активност, особено на планот на омасовувањето на оружената борба, бил осуден и затворен во Скопје (април 1944), од каде што успеал да избега и се вклучил во Ⅷ велешка бригада. Во една од борбите бил заробен и масакриран од балистите.
ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945. Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк.
Мирјана
Најческа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *