НАЈЧЕСКИ, Димче Методиев

НАЈЧЕСКИ, Димче Методиев
(Прилеп, 1925) – универ. проф. и виш научен соработник во Институтот за македонска литература во Скопје (во пензија). Бил учесник во НОАВМ и член на КПМ (1944). По Ослободувањето бил претседател на студентската младина на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и секретар на Универзитетскиот комитет на КПМ. Поради определувањето за Резолуцијата на Информбирото (1948) бил осуден на три години и казната ја издржал на Голи Оток (на Јадранското Море). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Групата мајчин јазик и литература со специјалност за историјата на книжевностите на СФРЈ (1952), На истиот факултет и докторирал на темата „Илинденските народни песни“ (1976). Првин работел како библиотекар во НУБ (1952–1954), потоа како професор во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ (1954–1961) и во Педагошката академија (1961–1983), а работниот век го заврши како виш научен соработник во Одделението за македонска народна литература во Институтот за македонска литература во Скопје (1983–1987). Негов основен научен интерес се јуначките, ајдутските и комитско-револуционер-

Ицо Најдовски
ните македонски народни песни. По пензионирањето подготви и три значајни зборници сведоштва, документи и материјали за македонските осуденици на Голи Оток по Резолуцијата на Информбирото.
БИБЛ.: Илинденските народни песни, Скопје, 1978; Студии за јуначкиот епос од македонското фолклорно подрачје, Куманово, 1993; Студии за ајдутските народни песни од македонското фол
клорно подрачје, Куманово, 1994; Голооточки сведоштва, книга прва–трета, Скопје, 2002–2006.
ЛИТ.: Институт за македонска литература. Дваесет години од основањето (1981–2001), Скопје, 2002, 138–139. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *