НЕВЕСКА

НЕВЕСКА (1903) – востаничко гратче ослободено за време на Илинденското востание. Востаници од Костурско (700 борци) го нападнале османлискиот гарнизон и го ослободиле гратчето (12/25. Ⅷ 1903 г.). УШТЕ при првите судири со војската ја уништиле телеграфската линија, а по преземањето на касарната го заплениле оружјето и муницијата и го истакнале црвеното востаничко знаме. Во ослободеното гратче била воспоставена привремена, народновостаничка власт на чело со месните првенци и интелектуалци. Неколкудневниот слободен живот бил прекинат од нападот на силни османлиски воени единици и башибозук, кои по преземањето на Невеска спровеле масовен терор врз месното население.
ЛИТ.: К. Битоски, Костурско во револуционерно-ослободителните борби на Македонија во втората половина на ⅩⅠⅩ век, „Гласник на ИНИ“, ЏЏИЏ, 3, Скопје, 1985; А. Трајановски, Андартскиот колеж во Загоричани 1905, Битола-Скопје, 1995. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *