НЕДЕЛКОВСКИ, Панче

НЕДЕЛКОВСКИ, Панче (Скопје, 24. Ⅳ 1912 – кај Кралево, Србија, 11 Ⅹ 1945) – комунистички деец, воздухопловен капетан на Кралството Југославија, воен командант на НОАВМ и полковник на ЈНА. Завршил гимназија во Скопје, дипломирал на Воената академија во Белград (1934) и станал пешадиски офицер, а потоа ја завршил и Воената воздухопловна школа (1938) и станал воен пилот. Во Априлската војна бил заробен во Сараево и одведен во Германија (6. Ⅳ 1941 – првата половина на 1942). По враќањето се вработил во рудникот Радуша (Скопско) и се поврзал со тамошните комунисти. Подоцна станал борец на Тиквешкиот НОПО
„Добри Даскалов“ (во летото 1943). Потоа бил повлечен за заменик-командант на ГШ на НОВ и ПОМ (од крајот на 1943 – крајот на војната). Непосредно ги раководел Февруарскиот поход и воените операции во Пролетната офанзива (1944). Со наредба на врховниот командант на НОВ и ПОЈ бил произведен во чин потполковник. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил унапреден во чин полковник (првата половина на 1945) и назначен за началник на Оперативниот оддел при шта-бот на воздухопловството на ЈНА во Земун (март 1945). Загинал во авионска несреќа на пат кон Скопје.
ЛИТ.: Боро Кралевски, Беа, загинаа, останаа, Скопје, 1969, 102; С. А.: Спомен-собир. По повод 40-годишнината од трагичната смрт на Панче Неделковски и Димитар Туриманџовски–Горски, „Нова Македонија“, Скопје, 1985. С. Мл.

Јонче
Неделкоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *