НЕДРВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА

НЕДРВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА – материјали со широка примена во современите производи од примарниот и финалниот комплекс на дрвната индустрија. Се применуваат во технологиите за производство на разни видови дрвени плочи, во градежната столарија, во производството на мебел и кај производите за ентериери. Примената на недрвните материјали посебно е нагласена кај тапетарските производи. Во групата на недрвните материјали влегуваат голем број суровини и полупроизводи, од кои позначајни се: природните смоли, вештачките смоли и пластичните маси, стаклото, средствата за глодање, текстилните влакна, кожата, растворувачите и разредувачите, боите и пигментите, средствата за непосредно обојување и белење на дрвото, премачкувачите, лепилата и средствата за заштита на дрвото од биолошки деструктори и оган и др. Б. Ил.

Неофицијалниот орган на ВМРО во Софија
„Независна Македонија“ (1932-1934)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *