НЕКТАРИЈ, архимандрит

НЕКТАРИЈ, архимандрит (Мен-до Најдоски) (с. Селце, Прилепско, 18. Ⅹ 1960) – архијереј на МПЦ. Завршил Богословија и Богословски факултет во Скопје. Бил замонашен во манастирот
„Св. Илија“ – Чардак (16. ⅩⅠⅠ 1982), а престојувал и во манастирот „Св. Петка“ во Цапари (1981– 1985). Бил главен воспитувач во Македонската православна богословија во Драчево (1985–1987) и професор (1987–1990); монах во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, прв светинаумски монах (од 1990) и прв игумен на МПЦ архијереј (1993) нехиротонисан (според негова волја). Значајни се неговите преводи на богослужби од црковнословенски јазик.
ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Жртва пред манастирскиот олтар, „Весник“, Службен лист на МПЦ, ЏЏИВ, 1, Скопје, јануари–февруари 1982; истиот, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје,
2000. Рат. Гр.

Статуетка, Анзабегово

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *