„НЕПОКОРЕН“

„НЕПОКОРЕН“ (1. Ⅴ 1947 – ав-густ 1949) – весник, орган на Главниот одбор на НОФ, на македонски јазик. Го издавал Главниот оддел за агитација и пропаганда на НОФ, а главен уредник бил Павле Раковски. Првин бил умножуван на шапирограф, а потоа во печатницата на НОФ. Меѓу другото, имал и рубрики „Наша поезија“ и „Историја на јазикот и литературата“. Бил користен и во новоотворените училишта на македонски јазик. Извесен период издавал и „Билтен“ за операциите на ДАГ.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 147. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *