НЕСТОРОВСКИ, Иван

НЕСТОРОВСКИ, Иван (с. Тресонче, Дебарско, 17. Ⅲ 1921 – Скопје, 17. Ⅱ 1976) – редовен професор на Географскиот факултет – Скопје. Дипломирал и докторирал по геологија на Рударско-геолошкиот факултет во Белград. Покрај педагошката активност на факултетот, каде што држел настава по општа геологија и петрографија, бил еден од пионерите на македонската геологија и многу активен во научноистражувачката дејност од областа на регионалната геологија. Зел учество во изработката на Основната геолошка карта на СФРЈ 1:100.000 (за листовите Охрид, Крушево, Гостивар), а реализирал и повеќе проекти од оваа област.
БИБЛ.: И. Несторовски, Геолошкиот состав и тектонскиот склоп на терените на Сува Гора–Осој–Групчин–долината на Треска, „Трудови на Геолошки за
вод на СРМ“, св. 10, Скопје, 1963. ЛИТ.: „Годишен Зборник на Геогр. фак.“, кн. 24, Скопје. Н. Дум.

Кочо
Нетков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *