НЕСТОРОВ, Димитар Јосифов

НЕСТОРОВ, Димитар Јосифов
(Струга, 23. Ⅵ 1890 – Ниш, 6. Ⅱ 1968) – лекар, револуционер. Завршил медицина во Женева (1921), каде што учествувал во работата на македонските студент-ски друштва, во борбата за автономна Македонија. Во 1923 г. бил општински лекар во Битола, а од 1934 г. го раководел Антивенеричниот диспанзер. Од 1941 до 1944 г. бил началник на Обласната хигиенска лабораторија, а во 1944 г., како прочелник на Обласниот здравствен оддел, бил избран за член на АСНОМ. Од 25. Ⅳ 1945 до 17. Ⅳ 1946 г. бил потпретседател на Президиумот на НС на НРМ, а потоа до 31. ⅩⅠⅠ 1948 г. претседател на Президиумот на НС. Бил претседател на Комитетот за народно здравје и социјална политика на Југославија (31. ⅩⅠⅠ 1947 – 3. И 1951), пратеник во Собранието на НРМ и на ФНРЈ, а извршувал и други функции. На 1. Ⅷ 1952 г. бил назначен за лекар во Демир Хисар, а на
15. Ⅸ 1954 г. бил поставен за управник во ДНЗ во Битола, каде што останал до 1961 г. Се пензионирал во 1964 г.
ЛИТ.: С. Ковачевски и сораб., Д-р Димитар Несторов, живот и дело, Струга, 2004; П. Бојаџиевски, Здравството во Битола низ вековите, Битола, 1992, 180. П. Б.

Иван Несторовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *