НЕУСПЕХ НА ДРЖАВАТА

НЕУСПЕХ НА ДРЖАВАТА –
теорија што тврди дека државата (владата) не е ефикасна замена за пазарните несовршености, односно дека постојаното посочување на т.н. домени на пазарниот неуспех се претвора во алиби за државното инволвирање во економскиот живот, односно во алокацијата на ресурсите. Во современата економска литература се наведуваат бројни домени на неуспехот на државата, кои имаат јасна потврда и во РМ – и во претходниот и во сегашниот економски и политички систем: владата не располага со целосни информации за економската и социјалната сфера; несоодветните поттици и мотивации ја намалуваат ефикасноста на државата; присутно е растурање на ресурсите во јавниот сектор; има неочекувани реакции во однос на јавните програми; видиците на државата често се краткорочни; постои бирократска неефикасност и бирократска принуда; цост-бенефит анализата кај големи инфраструктурни објекти често покажува економска исплатливост, но нивната градба трае долго и е поврзана со појава на неочекувани и скриени трошоци; институциите се неефикасни; државните интервенции во економијата предизвикуваат дисторзии на релативните цени и неефикасна алокација на ресурсите итн.
ЛИТ.: Ј. Стиглитз, Принципес д’ецономие модерне, 2è едитион, Де Боецк Университе, Парис – Бруџеллес, 2000, 136–141; Р. Липсеѕ, &Л. Харбурѕ, Фирст Принциплес оф Ецономицс, Лондон, 1992, 236–237;
Ц. МцЦоннелл анд С. Бруе, Ецономицс – Принциплес, Проблемс, анд Полициес, Тхиртеентх Едитион, МцГрањ-Хилл, Инц, 1996, 622–625. Т. Ф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *