НЕФОРМАЛНА ЕКОНОМИЈА

НЕФОРМАЛНА ЕКОНОМИЈА

скриените економски активности, т.е. трансакциите што не се регистрираат од страна на официјалната економска статистика и, според тоа, не се предмет на државна регулација и оданочување. Во современата литература од оваа област постои шаренило на поими и дефиниции за неформалната економија. Но, и покрај тоа, многу често се прави разлика помеѓу сива и црна економија. Кога овие економски активности ги вршат бизниси што не се забранети со закон, меѓутоа, нивните сопственици или воопшто не го пријавуваат остварениот доход за да го избегнат плаќањето на данокот, или го пријавуваат делумно, станува збор за сива економија. Од друга страна, кога ваквите активности произлегуваат од бизниси забранети со закон (трговија со дрога, со оружје од неовластени лица, со бело робје, со човечки органи итн.), станува збор за црна економија. Неформалната економија е застапена во сите современи економии. Во принцип, таа е поголема во земјите со високо даночно оптоварување и со претерана регулација. Инаку, нејзиното учество во БДП на економиите тешко се утврдува и процените најчесто се апроксимативни – кон средината на 1990-тите години таа во САД и во Велика Британија се проценува на 7%, во Грција на 30%, во Шпанија на 25%, во Италија на 20%, во Јапонија и во швајцарија на 4%. Во Македонија постои само една покомплексна студија за размерите на неформалната економија, при што процената се однесува на димензиите на оној дел од сивата економија што го опфаќа легалното производство на стоки и услуги, кое е предмет на оданочување и регистрирање во официјалната статистика но кое, од различни причини, останува нерегистрирано и неоданочено. Според авторите, нејзиното учество во ОП на земјата во периодот на висока инфлација (до 1994) надминувало 40%, а во 1996

г.
изнесувало околу 35%–36%.

Денес процените се различни во различни извори и се движат во распонот помеѓу 30% и 40% во БДП.
ИЗВ.: Ц. МцЦоннелл анд С. Бруе, Ецономицс – Принциплес, Проблемс анд Полициес, Тхиртеентх Едитион, МцГрањ-Хилл, Инц, 1996, 138.
ЛИТ.: В. Кандикјан, М. Петковски и сораб.,
Димензиите на сивата економија во Република Македонија, научноистражувачки проект, Министерство за развој на Република Македонија, Скопје, јули 1997. Т. Ф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *