НЕЧЕВ, Трајко Димитров

НЕЧЕВ, Трајко Димитров (Велес, 10. ⅩⅠⅠ 1926) – ветеринар. Докторирал на В. ф. во Загреб (1965). Научен советник и директор на Ветеринарниот институт. Има објавено 98 научни и стручни трудови. Бил иницијатор за издавање и прв главен и одговорен уредник на првото ветеринарно македонско стручно списание
„Македонски ветеринарен преглед“. М. Д. – Ј. Б.
Љубинка
Нечева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *