НИКОВСКИ, Ристо

НИКОВСКИ, Ристо (Ресен, 13. Ⅴ 1942) – дипломат од кариера. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1971). Работел како трет секретар на амбасадата на СФРЈ во Пекинг (1972–1976); прв секретар на амбасадата на СФРЈ во Хавана (1977– 1981); советник на амбасадите на СФРЈ во Куала Лумпур (1986–1988) и во Џакарта (1986–1988); вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Обединетото Кралство (1993–1997), во Ирска и во Исланд (нерезидентен, 1994–1997), во Р. Албанија (1998– 2002) и во Руската Федерација (2003– 2006), советник на Претседателот на РМ (од 2009).
ИЗВ.: Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2006. Т. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *