НИКОЛОВСКИ, Антоние

НИКОЛОВСКИ, Антоние (с. Смолари, Струмичко, 27. Ⅹ 1920 – Скопје, 15. Ⅸ 1991) – историчар на уметноста, унив. професор и еден од првите македонски ликовни критичари. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Загреб (1952). Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1982), каде што бил професор. Ги истражувал промените од поствизантиското до реалистичкото сликарство (Македонските зографи од крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ⅩⅩ в. – Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ, Скопје, 1984). М. Б.-П.

Благоја
Николовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *