НИКОЛОВСКИ, Благоја

НИКОЛОВСКИ, Благоја (с.
Владиловци, 2. Ⅷ 1935 – Скопје,

14. Ⅸ 1996) – оперски и концертен певец, тенор, првенец на Операта на МНТ. Пеење учел кај проф. К. Трпков, а дипломирал соло-пеење на Музичката академија во Белград (проф. Цвеиќ). Во Операта на МНТ добива ан-гажман во 1963 г., во која со неколку прекини останува до 1985 г. Во меѓувреме повеќе сезони работи во швајцарија. Во периодот 1983–1985 г. бил директор на Операта и Балетот на МНТ. Остварил околу 15 насловни улоги од тенорскиот фах, од кои позначајни се: Белмонте (Грабнување од сарајот), Алмавива (Севилскиот бербер), Алфред Жермон (Травијата), Едгардо (Лучија ди Ламермур), Ленски (Евгениј Онегин), Војводата од Мантова (Риголето), Никола Карев (Илинден). Настапувал и на концертниот подиум со рецитали и со учество во изведби на вокално-инструментални дела. Во реализацијата на своите улоги богатиот и топол лирски глас успешно го соединува со сценска игривост и шарм. Се занимавал и со педагошка дејност
– бил наставник, професор на Факултетот за музичка уметност, а во два мандата и декан на оваа образовна установа. Како солист гостувал во повеќе земји во Европа и во САД. Ф. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *