НИКОЛОВСКИ, Тихомир

НИКОЛОВСКИ, Тихомир (Охрид, 22. ⅩⅠⅠ 1940) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1991 до пензионирањето во 2005) по предмети од областа на металните конструкции и испитувањето на конструкциите. Водел повеќе научноистражувачки проекти, а високи дострели постигнал на полето на испитувањето и зајакнувањето на конструкциите, што го препорачало за носител на проектот финансиран од НАТО, со кој се санираа и се зајакнаа голем број мостови во Македонија. Бил претседател на Друштвото на градежните конструктори на Македонија и прв претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Љ. Т.

Тодор
Николовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *