НИКОЛОВСКИ, Ѓоко

НИКОЛОВСКИ, Ѓоко (Куманово, 17. Ⅳ 1912 – Куманово, 7. ⅩⅠⅠ 1987) – актер и режисер. Тој е учесник во формирањето на Градскиот аматерски театар во Куманово (1944) и на професионалниот театар (1947). Улоги: Мојсов („Ден за одмор“); Митке („Коштана“); Тартиф, Чорбаџи Теодос во истоимените дела; Аџи Трајко („Бегалка“); Спиро („Поп Киро и поп Спиро“); Јеротие („Сомнително лице“); Замфир („Зона Замфирова“); Судијата („Таква е љубовта“); Калчо („Ивкова слава“); Пол („Трите ангели“) и др. Режии: „Сомнително лице“; „Дубровнички ѓаволштини“; „Мандрагола“ и др. Р. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *