НИКОЛОВСКИ-ЃУМАР, Вања

НИКОЛОВСКИ-ЃУМАР, Вања
– (Битола, 13. И 1968) – композитор и диригент. Дипломирал на
диригирање (проф. Ф. Муратовски, 1992) и на композиција (проф. Вл. Николовски, 1993) на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Специјализирал на Конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“ во Санкт Петербург (1995–1996). Работи како диригент во МНТ, а соработувал со Македонската филхармонија и со сите позначајни ансамбли во Македонија. Денес живее и работи во Феникс, САД. Неговото творештво се состои главно од камерни и од симфониски дела. Б. Орт.

Саша НиколовскиЃумар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *