НИКОЛОВ, Димче

НИКОЛОВ, Димче (Битола, 21. Ⅱ 1953 – Скопје, 30. Ⅳ 1998) – графичар, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, значаен за афирмацијата на македонската графика на меѓународно поле. Дипломирал (1978) и магистрирал (1980) на Академијата за ликовни уметности во Љубљана. Бил учесник на меѓународни графички манифестации. Создавал апстрактни, лирски третирани знаковни композиции со употреба на црно-бели ефекти (Предел 14, 1979; Предел 22, 1980). З. Ал.-Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *