НИКОЛОВ, Ѓеорѓи

НИКОЛОВ, Ѓеорѓи (Охрид, 1868
– Цариград, 1. Ⅲ 1938) – лекар, револуционер. Медицина завршил во Цариград, а работел како лекар во Охрид и потоа во Скопје. Активно учествувал во работата на МРО. Во 1905 г. бил лекар во Воден, каде што стекнал бројни непријатели, кои неколку пати се обиделе да го убијат. Во 1907 г. бил осуден на 101 година затвор, а казната ја издржувал во Солун, Родос и Бурса (Мала Азија). По Младотурската револуција бил помилуван (1908) и назначен за лекар во Битола. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна. П. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *