НИКОЛОСКА, Мирослава Николова

НИКОЛОСКА, Мирослава Николова (Скопје, 30. Ⅹ 1950) – психолог, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1974), каде што и магистрирала (1987). Докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1996). Во 1977 г. е избрана за асистент на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, а од 1987 год. работи на Педагошката академија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде што е редовен професор од 2000 г. Учествувала на повеќе домашни и меѓународни научни и стручни собири, а била и координатор на неколку меѓународни проекти од областа на образованието. Автор е на повеќе научни и стручни трудови од областа на психологијата на личноста, моралниот развој и психологијата на образованието.
БИБЛ.: Психолошките особини на идните наставници (1997), Развојна психоло
гија, детство (2002) и др.
ЛИТ.: „Билтен на Универзитетот ,Св. Кирил и Методиј´“, бр. 863, Скопје, 15. ⅩⅠⅠ
2004. В. Арн.

Љубомир Николоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *