НИКОЛОСКИ, Петре

НИКОЛОСКИ, Петре (Прилеп,
24. Ⅱ 1959) – скулптор којшто во 80-тите години внесува новини во пластичниот израз и во употребата на материјалите. Дипломирал (1984) и магистрирал (1989) на АПУ во Белград. Од 1989 г. живее и дејствува во Англија. Беше претставник на РМ на Биеналето во Венеција (1993). Во мултимедијалните проекти е мотивиран од природното амбиентално окружување со акцент врз ритуалот, митот, архетипското (циклус Простори – Магична шума 1989 – 1999). М. Б.-П.

Томе
Николоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *