НИКУЉСКИ, Звонимир

НИКУЉСКИ, Звонимир (Куманово, 15. Ⅱ 1929 – Скопје, 23. Ⅵ
1998) – архитект и урбанист. Дип
ломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1953). Се занимавал со урбанистичко планирање. Поголем дел од својата професионална активност поминал во Заводот за урбанизам на Македонија и бил негов директор (1958–1989). Како експерт на ООН работел во Перу и во Нигерија. Ги изработил урбанистичките планови на Прилеп (1953), на Крива Паланка (1956) и на населбата „Чаир“ во Скопје (1958); ДУП на градските центри за Струмица, за Куманово, за Тетово и за Струга. Се занимавал и со архитектонско проектирање. Позначајни реализации се: Студентското одморалиште во Охрид и Угостителското училиште во Кичево. Кр. Т.

Метју
Нимиц

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *