НИШКА СПОГОДБА

НИШКА СПОГОДБА (1923) – договор меѓу Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и Бугарија за обезбедување на границата. Дејствувањето на вооружените чети на ВМРО на територијата на Кралството во Вардарскиот дел од Македонија се заканувало да доведе до воен судир. Бугарската влада била присилена да прифати спогодување за обезбедување на границата. Мешаната делегација заседавала во Ниш (1–17. Ⅲ 1923). Деветте протоколи од заседанијата на Комисијата ја претставуваат Спогодбата за безбедност на границата. Договорните страни се согласиле дека само со непосредно обезбедување на граничната линија не можело да се спречи преминувањето на комитските чети и договориле да преземат длабинско обезбедување и преземање ефикасни мерки за засилување на државната власт во заднината на заг
розениот дел од границата за оневозможување на четничко организирање и навлегување. Секоја влада самостојно ги преземала потребните мерки. Со тоа бугарската влада се обврзала да воспостави ефикасна власт во Пиринскиот дел на Македонија и во ќустендилскиот крај, каде што била инсталирана ВМРО.
ЛИТ.: Македонија во меѓународните договори И (1913–1940), Скопје, 2006. М. Мин.
„НОВ ДЕН“ – списание за уметност, наука и општествени прашања. Првиот број излегува во октомври 1945 г. во Скопје под Редакцискиот колегиум во сос-
Првото списание
за уметност, наука
и општествени
прашања

„Нов ден“
(1945-1950)

тав: Венко Марковски, Владо Малески-Тале (одговорен редактор), Блаже Конески, Киро Хаџи Василев, Цицо Поповиќ и Димитар Митрев. Излегува секој ме-сец, освен јули и август, до крајот на 1950 г. како орган на Друштвото на писателите на Македонија. Во него се печатат научноистражувачки, книжевноисториски и општествено-политички текстови, како и песни и раскази, а на крајот во рубриката „Културен преглед“ се даваат информации за значајни манифестации, претстави, културни настани, како што е и информацијата за формирањето на првиот Државен универзитет во Скопје (ноември–декември 1946). По неговото згаснување, како еден вид продолжение, во април 1951 г. се јавува списанието „Современост“ со Редакција во состав: Киро Ха-џи Василев, Коле Чашуле и Ацо шопов. В. М.-Ч.
НОВ ДОЈРАН – населба на западниот брег на Дојранското Езеро. На северозапад со регионален пат е поврзана со Валандово, а на југоисток со Кукуш во Република Грција. Таа е формирана по Првата светска војна, кога до темел бил разурнат Стар Дојран. Населението е со мешан етнички состав. Во 1961 г. овде живееле 1.114 ж., а ис-то толку (1.100) се регистрирани и во 2002 г. Од нив 1.023 ж. биле Македонци, 27 Срби, 23 Турци, 14 Роми и 11 Албанци. Риболовот, лозарството и туризмот се главни занимања. Во населбата има осумгодишно училиште, неколку трговски и занаетчиски дуќани.
ЛИТ.: Тодор Кондев, Нов Дојран – изразито рибарска населба и Стар Дојран – туристичка населба, „Географски разгледи“, кн. 4, Скопје, 1966. Ал. Ст.
„НОВ ЖИВОТ“ (Струга, мај 1945) – весник, орган на Единаесеттата македонска НО бригада, на македонски јазик. Зачуван е само еден број умножен на гештетнер на 36 страници. Во него се застапени политички, културни, забавни и други содржини, а половината од нив се посветени на 53от роденден на Ј. Б. Тито.

ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 447; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 141. С. Мл.

Новата зграда на НИП „Нова Македонија“, Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *