НОВАКОВИЌ, Коста Михајловиќ

НОВАКОВИЌ, Коста Михајловиќ (псевд. Драгосавац, Станиќ) (Чачак, Србија, 3. Ⅵ 1889 – СССР, 1938) – истакнат комунистички идеолог, приврзаник за самостојна Македонија. На работничкото движење му пристапил во 1903 г. како гимназијалец. Во 1919 г. бил член на КПЈ и заземал раководна функција. Бил пратеник во Парламентот од македонската изборна единица (1919–1920). Во 1924 г. ја публикувал брошурата „Македонија на Македонците, земјата на земјоделците“, која веднаш би-ла запленета, а тој осуден на шестмесечен затвор. Ја осудил распарченоста на Македонија и се залагал за слободна обединета Македонија како фактор за ми-рот на Балканот.
ЛИТ.: Европа за Македонија. Истакнати европски интелектуалци за македонското национално прашање (1925–1929). Избор и предговор д-р Орде Иваноски, Скопје, 1991. О. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *