НОВАКОВИЌ, Стојан

НОВАКОВИЌ, Стојан (шабац, Србија, 1. Ⅺ 1842 – Ниш, 18. Ⅱ 1915) – српски научник, политичар и државник – министер и премиер на српската влада, амбасадор (Цариград, Париз, С.-Петербург и Лондон), потписник на Лондонскиот мировен договор со Турција (1913); универзитетски

Стојан
Новаковиќ

професор и академик; филолог, историчар и историчар на литературата. Еден од идеолозите (по примерот на П. Р. Славејков 20 години пред тоа) за србизиран македонски јазик во учебниците (буквар и читанка), печатени во Цариград (1888–1891), за олеснување на продорот на задоцнетата српска пропаганда во Македонија. Активен застапник на големосрпската теза во политичката полемика околу карактерот и припадноста на македонскиот јазик, фолклор, етнографија и историја.
ЛИТ.: Блаже Ристовски, Улогата на македонскиот јазик во формирањето и развитокот на националната свест (со посебен осврт на „македонизмот“ на Стојан Новаковиќ), „Прилози“, ⅩⅩⅡ, 1–2, ОЛЛН МАНУ, Скопје, 2002, 39–56. Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *