НОВАКОВИЌ-ЧАРДАКЛИЈА, Петар

НОВАКОВИЌ-ЧАРДАКЛИЈА, Петар (Леуново – Белград, 1808)
– учесник во доброволечките одреди (фрајкори) во Австрискотурската војна во 1788–1791 г. како командир на чета. Учествувал во Првото српско востание и бил доверлива личност и личен пријател на Караѓорѓе Петровиќ. Во дипломатска мисија патувал во Санкт-Петербург и бил член на Правителствујушчиот совет сербски. Посмртен говор му одржал Доситеј Обрадовиќ.
ЛИТ.: Д-р Душан Пантели , Кочина Крајина, Београд, 1930; Прота Матеја Ненадовиќ, Мемоари, Скопје, 1954. М. Здр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *