НОВАК, Јосип Јосипов

НОВАК, Јосип Јосипов (Загреб,
Р. Хрватска 16. Ⅹ 1919) – полковник, радиолог, редовен проф. на Мед. ф. (од 1977). Дипломирал на Мед. ф. во Загреб (1942), а специјалистички испит по радиологија положил во Белград (1955). Се усовршувал на ВМА и во Винча на семинари за радиодијагностика, дозиметрија, сцинтиграфија и примена на радиоизотопи. Престојувал во Осло и во Франкфурт изучувајќи дијагностички постапки за рано откривање на малигните тумори и пострадијационите реакции на изотопна и телекобалтна терапија кај пациентите. Ги поставил темелите на експерименталната дијагностичка радиологија. Публикувал над 100 труда и напишал скрипти за радиолошка заштита и за стоматолошка радиологија. Долгогодишен уредник на ММП. Член на Здружението на радиолозите на Западна Германија.
ИЗВ.: Билтен УКИМ, 265. К. К.-П. НОВАКОВ–ЏОНГАР, Ѓорѓи (Папрадиште – Велес, околу 1900) – протомајстор. Неговата дејност како градител се одвивала во Македонија, во Бугарија, во Грција и во Србија. Градел главно цркви, конаци и семејни куќи. Во Македонија ја изградил црквата „Св. Петар и Павле“ во Папрадиште,

и го продолжил како издавач

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *