НОВООТВОРЕНИ УНИВЕРЗИТЕТИ И ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТИ

НОВООТВОРЕНИ УНИВЕРЗИТЕТИ И ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТИ. Во времето на транзицијата од социјалистичка кон пазарна економија и парламентарна демократија, во нашата земја се основаа неколку нови универзитети, во чии рамки, како организациони единици, работат и економски факултети. Тоа се следниве универзитети/економски факултети: Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (штулов универзитет), Европскиот универзитет во Скопје, Државниот универзитет во Тетово, Американскиот колеџ во Скопје, Њујорк колеџот во Скопје, Њујорк универзитетот во Скопје, Факултетот за бизнис и администрација во Скопје, Факултетот за туризам во Скопје, Меѓународниот балкански универзитет во Скопје (во основање), Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип и др. Од спомнатите универзитети и економски факултети со својата активност се издвојуваат: Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, Европскиот универзитет во Скопје и Државниот универзитет во Тетово. Универзитетот на ЈИЕ во Тетово е основан како приватен универзитет (2001). Тој се состои од пет факултети: Правен, Бизнис-администрација, Јавна администрација, Комуникациски науки и технологии и Педагошка и методолошка обука. Исто така, во составот на овој универзитет работат и две виши школи. Покрај додипломските студии, Универзитетот на ЈИЕ организира и постдипломски студии. Во негов состав работат и неколку центри,
во кои се реализира научноистражувачка, едукативна и апликативна дејност, како и еден институт од областа на животната средина и здравството. Универзитетот соработува со домашни и со странски универзитети, а посебно со универзитети од САД, Франција, Албанија и од др. земји. Во неговото финансирање учествуваат и ОБСЕ, ЕУ и САД. Европскиот универзитет во Скопје е основан како приватен универзитет. Тој постои како еден од следбениците на Факултетот за општествени науки (ФОН) во Скопје, формиран во 2001 г. Имено, во текот на 2006 г. Европскиот универзитет се подели на два дела: Европски универзитет – Скопје и Факултет за општествени науки – Скопје. Во рамките на Европскиот универзитет постојат пет факултети: Факултет за економски науки, Факултет за информатика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за јавна администрација и Факултет за комуникологија (комуникации и медиуми). Факултетот за економски науки организира додипломска настава на две насоки: банкарски менаџмент и маркетинг-менаџмент. Европскиот универзитет во Скопје соработува со повеќе универзитети од земјата и од странство. Државниот универзитет во Тетово е основан со посебен закон (2004), како висока наставно-научна и образовна институција. Во неговите рамки работат пет факултети: Факултет за природни науки, Економски факултет, Политехнички факултет, Факултет за хумани науки и уметност и Правен факултет. Во тек се подготовките и за организирање постдипломски студии. На овој универзитет работат и три научноистражувачки институти. Во досегашното работење ДУ во Тетово потпишал повеќе договори за соработка со универзитети во земјата и во регионот. Тој соработува и со универзитети од Ев
ропа (Словенија, Германија, швајцарија и др.) и од САД. Универзитетот членува во Унијата на европските универзитети.
ИЗВ.: Интернет и докуменатацијата од одделни универзитети. М. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *