НОВОТНИ, Љубиша Антониев

НОВОТНИ, Љубиша Антониев
(Скопје, 21. Ⅷ 1936) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф., основоположник на современата судска психијатрија во РМ. Мед.

Љубиша
Новотни

ф. завршил во Скопје (1962), специјалистички испит (1969), а хабилитација (1978) од областа на форензичната психијатрија. Во периодот 1964–2001 г. бил вработен на Нервната клиника. Тој е познат судски форензичар и автор на повеќе монографии од оваа об-ласт. Напишал повеќе од 100 научни и стручни труда.
БИБЛ.: Медицинско вештачење во парнична постапка, Скопје, 1981; Судски психијатриски вештачења – деловна способност, Скопје, 1984; Судска психијатрија – одбрани теми, Скопје, 1990; Судска пси
хијатрија, Скопје, 1988. Ил. Џ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *