НОШПАЛ, Александар Тодев

НОШПАЛ, Александар Тодев
(Скопје, 8. Ⅺ 1945) – машински инженер, дипломирал во 1969 г. на Електромашинскиот факултет во Скопје. Магистрирал во 1974 г. на Универзитетот во Ајова, САД, докторирал во 1980 г. на Универзитетот во Белград. Вработен е на Машинскиот факултет во Скопје, а од 1986 г. е редовен професор. Во периодот 1986–1991 г. е заменик на претседателот на Републичкиот комитет за наука, технолошки развој и информатика. Има објавено повеќе од 180 научни и стручни трудови, проекти, студии, рецензии, публикувани во земјата и во странство. Престојувал во повеќе универзитети и научни институ
ции. Тој е член на повеќе професионални здруженија и тела. Сл. А.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *