НУРИЏАНИ, Џорџо

НУРИЏАНИ, Џорџо (1892 –
Рим, Италија, 1981) – италијански
писател, историчар, публицист,

новинар. Меѓу двете светски војни живеел во Софија и одржувал бројни контакти со разни кругови од македонската емиграција во Бугарија, поддржувајќи ги тенденциите на ВМРО(Обединета) како водечки фактор во политичките борби во тој период. По Втората светска војна живее во Италија. Автор е на бројни книги за македонското прашање („Македонија вчера и денес“, „Македонскиот гениј низ вековите“ и др.) Во 1967 г., заедно со Наум Китановски, во Рим издал „Италијанско-македонски речник“. Иницијатор е на повеќе проекти во плодната италијанско-македонска културна и политичка соработка. Г. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *