ОБЛАК, Ватрослав

ОБЛАК, Ватрослав (Игнациј)
(Целје, 15. Ⅴ 1864 – Љубљана, 15. Ⅳ 1896) – словенечки и австриски славист. Во родното место учел гимназија, матурирал во Загреб, а студирал во Виена споредбена и словенска филологија (1886–1891). Заинтригиран од тезата за македонското потекло на старословенскиот јазик, кон крајот на 1891 заминал за најјужната точка на словенскиот свет – Солун. Со своето истражување успеал да ја потврди македонската теорија,(пр., со присуството на назалните гласови). Освен од Солунско, тој (од номади – сточари) запишал материјал и од Дебарско. Има објавено повеќе работи, но најзначајни се „Македонските студии“ што се појавија посмртно (1896). Иако тешко се снаоѓал во мрежата од пропагандите од соседните земји, сепак во книгата се среќаваат и согледувања што индиректно упатуваат на сфаќањето за посебноста на македонскиот јазик.
ЛИТ.: Ватрослав Облак, Македонски студии (Драги Стефанија, Придружна беседа, 3-12), Љубљ., 1994. К. П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *