ОБЛАЧНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА

ОБЛАЧНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА – облачноста во Македонија се следи визуелно со проценка на покриеноста на небото со облаци во три климатолошки термини во текот на денот, на 34 метеоролошки станици. Облачноста се следи и на 12 метеоролошки станици со професионални набљудувачи секој час, добивајќи дневен од на облачноста. Најголема облачност во текот на годината има во месецот декември со вредности што се движат во граници од 6,0 до 7,0 десетини. Најведар месец е август со средна облачност од 2,0 десетини во Свети Николе, 2,3 десетини во Струмица, 2,4 десетини во Нов Дојран до 4,4 десетини на Солунска Глава. Најмала облачност има во Гевгелиско-Валандовската котлина со вредност од 4,5 десетини.
ЛИТ.: Ангел Лазаревски, Климата во Македонија – врнежите во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 8-9, Скопје 1971; Пеце Ристевски, Климата во Р. Македонија, Скопје, 1998. М. З.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *