ОБОЗНА

ОБОЗНА – средновисока планина во источниот дел на РМ со највисок врв Јастребник (1.278 м). Има меридијански правец на протегање север–југ со должина на планинскиот гребен од 9,5 км. Се наоѓа помеѓу Кочанската Котлина на запад и Разловечката Клисура на исток преку која се пробива реката Брегалница, одделувајќи ја Обозна од планината Бејаз Тепе (1.314 м). Од југ со Калуѓерска Река и превалот Обозна (933 м) е одвоена од планината Плачковица, а со превалот Мерилов Рид на север е одвоена од планината Голак. Својот денешен изглед планината го добила со неотектонски движења во крајот на плиоценот и во почетокот на плеистоценот. Геолошкиот состав е претставен со гнајсеви, кристалести шкрилци и гранити. Пошуменоста е слаба, но и пасиштата не се пространи. Т. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *