ОБРЕМБСКИ, Јозеф

ОБРЕМБСКИ, Јозеф (Теплик, Украина, 18. Ⅱ 1905 – Холис, САД,
28. ⅩⅠⅠ 1967) – полски и американски етнолог и социолог, предавач и професор на повеќе универзитети во Полска и во Америка. Своето средно образование го започнал во Варшава, а матурирал (вонредно) во Краков (1926). Студирал на Краковскиот универзитет под раководство на еден од најпознатите полски и словенски етнолози Казимјер Мошињски. Водел самостојни теренски истражувања на Балканот, меѓу другото и во Македонија (1927–1928). Ја

Јозеф Обрембски
проучувал материјалната култура, со посебен интерес за земјоделството и ловџиството. Во 1930
г. се здобил со титулата магистер по словенската етнографија и општа етнологија. Докторирал во Лондон (1934) кај познатиот социолог Бронислав Малиновски. Престојувал во Македонија (во Порече), каде што водел теренски истражувања (1932–1933), сврзани со народната култура на Македонците. Собрал богат фолклорен и етнографски материјал што подоцна му послужил за изработка на неговите научни трудови, некои од нив објавил во периодот меѓу двете светски војни и по Втората светска војна. Оставнината на македонски јазик беше објавена во Скопје (2000–2003). Неговите трудови пополнија голема празнина во етнолошките и социолошките проучувања кај нас. За македонската наука од голема важност се и неговите погледи во однос на националната свест на Македонците. Како редок странски научник од периодот пред Втората светска војна, го користи националното име на Македонците и пишува за македонскиот јазик, за македонската култура, за македонската митологија, за македонскиот религиозен пантеон, за македонскиот ритуал, за македонските магиски ритуали, за македонската црква и сл.
БИБЛ.: Фолклорни и етнографски материјали од Порече,И, Скопје-Прилеп, 2001; Македонски етносоциолошки студии, Ⅱ, Скопје-Прилеп, 2001; Македонски етносоциолошки студии, Ⅲ, Скопје–Прилеп, 2002; Порече 1932–1933. Главен и одговорен уредник: Танас Вражиновски, уредни
ци: Ана Енгелкинг, Џоел М. Халперн, Прилеп. Варшава, Скопје, 2003; Цзарна магја њ Мацедонји, „Куриер Литерацко-Наукоњѕ“, 23. Ⅳ 1934, Кракóњ, Ⅵ-Ⅷ; Сѕстем религијнѕ луду мацедовскиего, „Куриер Литерацко-Наукоњѕ“ № 24, 15. Ⅵ 1936, ⅩⅤⅠⅠⅠ-ⅩⅣ, № 26, 29. Ⅵ 1936, Ⅺ–ⅩⅠⅠ, № 28, 13. Ⅶ 1936, Ⅺ–ⅩⅤⅠⅠⅠ, № 29, 20. Ⅶ 1936, Ⅺ–ⅩⅠⅠ, № 30, 27. Ⅶ 1936, ⅩⅤⅠⅠⅠ; Ритуал анд Социал Струцтуре ин а Мацедониан Виллаге, ед. Бѕ Барбара Керењскѕ-Халперн анд Јоел М. Халперн, Интернатионал Ареа Студиес Програмс, Университѕ оф Массацхусеттс ат Амхерст, 41 пп.
ЛИТ.: Танас Вражиновски, Научниот
придонес на Јозеф Обремски во проучувањето на народната религија на Македонците, Миејсце Мацедонии на Балканацх, Хисториа – Политѕка – Култура – Наука. Под редакци
ја на Иренѕ Сатњоњѕ-Кањки, Њѕдањництњо Унињерсѕтету Јагиелловскиего, Кракóњ, 2005, 259–269; истиот, Лецзництњо лудоње њ регионие Пореќа (Мацедониа) њ боданиацх Ј. Обр£бскиего, Хоризонти антропологии култур, Том њ дарзе дла Професора Зофии Соколењицз, Инсѕтут Етнологии и Антропологии Културоњеј Унињерсѕтету Њарсзањкиего, Њарсзања, 2005, 255–264; истиот,
Мацедовские материалѕ фолклорѕстѕцзне Јóзефа Обр£бскиего, Регионѕ Границе Рубиеже, Том њ дарзе дла Професора Мариана Покропка, Инститѕт Етнологии и Антропологии Културоњеј Унињерсѕтету Њарсзањкиего, Њарсзања, 2005, 249–259; истиот, Јóзеф Обр£бски и мацедонска етнографиа, Спрањѕ народоњоќциоње, Сериа ноња, Р. 2006, з. 29. Њ стулециу уродзин Јóзефа Обр£бскиего, Нумер спецјалнѕ под редакцј% Аннѕ Енгел-кинг, Познав-Њарсзања, 2006, 53–62; Танас Вражиновски, Владимир Караџоски, Соња Јовановска-Ризоска, Јозеф Обремски – значаен истражувач на народната култура на Македонците, Матица македонска, Скопје, 2006, 5–264. Т. Вр.

Естреја Овадија-Мара

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *