ОВОШТАРНИК

ОВОШТАРНИК – површина посадена со овошни растенија, а според културата се нарекува јаболкарник, праскарник итн. Порано се садеа ретки (екстензивни) насади на бујни подлоги и со просторни круни. Потоа се премина на полугусти палметни насади, а сега се оди на полугусти и густи (интензивни) насади, на средно и слабобујни подлоги, формирани со вретенести круни. Голем број овошки (ореви, бадеми, круши и др.) се одгледуваат како поединечни (солитери) по меѓи, долови и на други слободни места. Б. Р.
Берба на преспанското јаболко

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *