ОВСЈАНИЈ, Николај Романович

ОВСЈАНИЈ, Николај Романович
(ОвсянÎиŸ, НиколаŸ Романович) (Киевска губернија, Украина, 7/19. ⅩⅠⅠ 1847 – С.-Петербург, 3/16. Ⅴ 1913) – руски генерал, воен историчар, славист и славјанофил. Завршил Воено-правна академија и учествувал во Руско-турската војна (1877–1878), па во времето на Кресненското востание станал гувернер на бугарскиот град ќустендил (1878–1880). По извесно службување во Русија, станал воспитувач на црногорскиот кнез Данило во Цетиње (1886), а по враќањето бил избран за професор по воена историја и историја на Словените во Генералштабната академија (1894). Член на Руското географско друштво и виден ак
тивист на СПБ. словенско благотворно друштво (1880). По оставката (1910) исцело се оддал на научна и општествена дејност. Како член на Советот на СПБСБД (од 1906) во Првата балканска војна го раководел праќањето лекари и медицинска помош на завојуваните словенски земји, а во зимата на 1912/13 г., како ополномоштеник на Черњаевскиот комитет, бил во Косово и во Македонија. Во своите бројни публикации обилно пишува за македонското прашање и за состојбите во Македонија, па меѓу другото и дека „Македонија, иако претставува и голем научен интерес, како земја мошне малку е проучена, населена е со разни народности, чие минато с“ уште е прилично загадочно“, но дека
„под името Бугари се подразбираат само оние Словени што ја признаваат Бугарската егзархија“. Затоа се прашува: „не ќе биде ли подобар излез за Македонија во нејзината сегашна состојба – да добие автономија?“.
БИБЛ.: Сербия и сербÎ, СПБ., 1898; Болгария и болгарÎ, СПБ., 1900; Болгарское ополчение и земское воŸско, СПБ., 1904; Русское управление в Болгарии вÍ 1877– 78–79 гг., т.1–3, СПБ., 1906–1907; БлижнΟ ВостокÍ и славянство, СПБ., 1913.
ЛИТ.: Н. Р. ОвсянÎј, „Славянския Изв‹стия“, № 26, СПБ., 1913; Славяноведение в дореволÓционноŸ России, Москва, 1979, 251&252; Цветан Станоевски, Како ја видоа Македонија (Руски публицисти за Македонија 1828–1913), Скопје, 1978, 47&51. Бл. Р.

Овчарска народна свирка на кавал

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *