ОВЧЕПОЛСКА НО БРИГАДА

ОВЧЕПОЛСКА НО БРИГАДА
(1944) – формирана во почетокот на октомври од борци од Свети Николе и Светиниколско. Првин било планирано да се вика Овчеполско-кратовска бригада, со тенденција воените дејствија да ги насочи кон источниот дел на Македонија. Била формирана по иницијатива на Командата на место
Четата на Пешо Самарџиев
то Свети Николе, а по претходна препорака од Светозар Вукмановиќ–Темпо. Се формирала во училишната зграда од доброволци – младинци и војници вратени од бугарската војска. Имала дватри помали баталјони и штаб на Бригадата. Била вооружена со ново руско оружје и учествувала во борбите со Германците за ослободување на Свети Николе и неговата непосредна околина. Поради неможноста за изведување поголеми воени акции и слабата воена екипираност, во текот на ноември дел од борците се приклучиле кон ⅩⅣ бригада, а дел во составот на Кумановската дивизија.
ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Свети Николе и Светиниколско од 1912 до 1945, Свети Николе, 1990. Ѓ. Малк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *