ОГРАЖДЕН

ОГРАЖДЕН – средновисока планина со истоимениот највисок врв Огражден (1.744 м). Претставува типичен хорст што својата дефинитивна форма ја добил во времето на олигомиоцените тектонски движења. Билото има динарски правец на протегање сз–ји. Геолошкиот состав е претставен со гнајсеви, микашисти гранити и кристалести шкрилци. Од централниот највисок дел планината
Одбојкарски меч: „Работнички“ – „Вардар“
се разгранува на два крака – спрема југоисток и северозапад. Планинските страни се наведнати кон југ–јз, а водотеците се предиспонирани со раседни линии. Огражден е познат по наоѓалиштата на натриум фелдспат кај с. Дрвош, кој по своите резерви и квалитет спаѓа во најголемите во Европа. На Нивичанска Река е изградена акумулацијата Турје. Други поистакнати врвови се Кркан (1.564 м), Караматија (1.489 м), Рабуш
(1.465 м) и др.
ЛИТ.: Манаковиќ Д., Андоновски Т., Релјефни карактеристики на Источна Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979. Т. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *