ОГЊЕНОВИЌ, Предраг

ОГЊЕНОВИЌ, Предраг (Сисак, Хрватска, 5. Ⅸ 1933) – психолог, универзитетски професор. Се школувал во Зрењанин, Панчево и во Земун. Паралелно студирал медицина и психологија на Универзитетот во Белград. Дипломирал психологија (1959) и докторирал (1962) на Филозофскиот факултет во Белград. Првите години по формирањето на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје ја изведувал наставата по предметот Општа психологија. Истиот предмет го предавал на универзитетите во Белград, Ниш и во Нови Сад. Објавил над 100 трудови од областа на когнитивната психологија и психологијата на уметноста.
БИБЛ.: Осеђај и мера, 1977; Перцепција, 1984; Нацрт за једну психолошку теорију уметности, 1985 (прев. на англиски и чешки); Психологија опажања, 1992; Психолошка теорија уметности, 1977; Наше намере и осеђања, 2004 (со Б. шкорц).
ЛИТ.: 30 години Институт за психологија, Збор. на трудови, Скопје, 2004. В. Арн.
Планината Огражден

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *